Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Се грижиме за сите граѓани, продолжува изградбата на социјални станови, велат од СДСМ

-СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за подобрување на квалитетот на животот на ранливите граѓани, соопшти СДСМ.

„Со одговорни мерки и политики на СДСМ им помагаме на стотици семејства да решат еден од најголемите животни предизвици – обезбедување покрив над главата.

Изминативе години изградени се или во фаза на градење се над 860 социјални станови низ целата држава и тоа во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија но и на други места.

Изградбата на социјални станови продолжува. Топол дом ќе добијат и граѓани од Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани.

СДСМ со стратегијата за социјално домување не дозволува ранливите граѓани да останат на маргините на општеството и го поттикнуваме рамномерниот развој.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Утрински температури до минус 13 степени, преку ден претежно сончево

ДЕСК

Се роди првото бебе – женско е!

ДЕСК

Среќна Нова 2026 година: Благодарност до читателите на Centar.mk

ДЕСК