Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетник паднал од електричен тротинет во Кавадарци: тешко повредена малолетна сопатничка

Вчера, во 10.10 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека на булеварот Македонија во Кавадарци, малолетник од Кавадарци, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа тешки телесни повреди добила малолетна сопатничка на тротинетот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, а за настанот бил известен јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

ДЕСК

МВР апелира до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи

ДЕСК

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК