Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СВР Скопје, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, реализираше превентивни активности на заштита од пожари

Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, а како дел од годишната програма за работа, вчера (09.09.2023) во непосредна близина на наплатна рампа „Петровец“ беше реализирана превентивна активност од областа на заштита од пожари.
Притоа, согласно кампањата за превенција од пожари во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите и патниците посочија на потребата од особена внимателност и одговорност како клучни во заштитата од пожари. Особено внимание беше обрнато на опасноста од фрлањето запаливи отпадоци вдолж патиштата, како една од главните причини за пожарите на отворено, кои што не ретко може да ги зафатат и шумските површини.

Дополнително полициските службеници на возачите им споделија и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК