26.8 C
Скопје
19. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: По 30 години реконструиран патот од Челопек до Коинце

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

-По цели 30 години реконструиран патот Челопек-Коинце во Општина Старо Нагоричане!

Денеска заедно со заменик градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски,
присуствував на пуштање во употреба на патот Челопек-Коинце, кој се реконструираше благодарение на соработката централна-локална власт.
Издвоени се 4.8 милиони денари од Центар за развој на Североисточниот плански регион, за асфалтирсње на овој пат од должина 1.1 км, кој досега беше во многу лоша состојба.

На мое големо задоволство, жителите тука ја препознаваат грижата, дека животот оди на подобро!

Во оваа прилика би напоменал дека издвоени се средства за реконструкција и изградба на уште два други патни правци и за изградба на детско игралиште, односно ќе се гради патот од Сув Ора до Карпино и од село Драгоманце до Стрновац.

Продолжуваме со заложбите за модерна инфраструктура – во секое место обезбедуваме безбедни патишта, го забрзуваме и олеснуваме животот на нашите граѓани, за достоинствени услови и за повисок животен стандард.