Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ за „То Понтики“: Атмосферата и намерата да се забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е одлична можност за нас

„Моменталната атмосфера, диспозиција и намерите на европските претставници да ја забрзаат интеграцијата на Западен Балкан во Унијата претставуваат исклучителна можност за сите нас“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за грчкиот весник „То Понтики“.

Тој додаде дека се вложуваат напори во сите сегменти за да се реализира новата стратегија на ЕУ да се отвори вратата за членките од Западен Балкан.

„Вложуваме напори во сите можни сегменти за реализација на оваа стратегија, согледувајќи го нејзиното значење во обликувањето на иднината на нашиот регион и неговата улога во стабилизирањето на Европа“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот во интервју за грчкиот весник истакнува дека влеговме во нова ера на односи помеѓу ЕУ и државите од Западниот Балкан, бидјеќи за прв пат, 10 години од последното проширување, официјални лица на Унијата понудија конкретен датум за членство на нови членки.

„Потребна ни е временска рамка и јасен план и мислам дека 2030 година е реален датум за завршување на реформите и на ЕУ и на земјите кандидати кои се во процес. Во спротивно, ако остане како што ветија во Солун, тогаш ќе имаме големо разочарување“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК

„Снаата е тешко повредена, треба операција“: Виничанка наседнала и оставила 12.400 евра

ДЕСК

26 годишен маж претепан од својата 20 годишна девојка

ДЕСК