Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на ИНТЕРПОЛ Ел-Рајси до Спасовски: Честитки за 32 години независност на Северна Македонија, ви посакувам успех во вашите подвизи!

Како што дознава Centar.mk; претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ел-Рајси упати честитка до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и граѓаните на државата по повод 32 годишнината од независноста, како и лична поддршка до Спасовски во идните подвизи.

Во продолжение го објавуваме писмото до Спасовски во целост:

Ваша екселенцијо,

Ми претставува задоволство да ви изразам вам и вашата Влада, како и полиција и граѓаните на Република Северна Македонија, топли поздрави и честитки по повод 32 годишнината по повод независноста на Северна Македонија.

Ја ценам вашата посветеност во соработката со ИНТЕРПОЛ, како вреден член на Организацијата од 1993 година, што беше демонстрирано со активна улога во операциите, учествувајќи во тренинзите на ИНТЕРПОЛ и користејќи ги датабазите на ИНТЕРПОЛ. Граѓаните на Република Северна Македонија и вашата силна посветеност на вредностите и целите на ИНТЕРПОЛ се вредно ресурси во нашата Организација и очекувам да ја продолжиме нашата цврста соработка.

Во оваа прилика Ваша екселенцијо ви посакувам добро здравје, благосостојба и уште поголеми успеси во вашите подвизи.

Генерал Мајор Ахмед Насер Ел-Рајси
Претседател на ИНТЕРПОЛ

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума

ДЕСК

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК