Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Фатен крадец на дело во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (07.09.2023) околу 05.30 часот во Скопје, во трговски центар на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.С.(18) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје.

Одземеното било пронајдено, како и предмети со кои го извршил делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК