Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца крадци во Куманово: извршиле повеќе кривични дела

Вчера во 11.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Ј.(27) од Тетово и Ш.Ш.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека изминатите два дена извршиле повеќе кривични дела.

На 04.09.2023 во Градски парк во Куманово физички нападнале вработени во Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ и им се заканиле со остар предмет. Истиот ден, М.Ј. и Ш.Ш. влегле во угостителски објект на улицата „11 Октомври“ во Куманово и одзеле чанта.

Додека, на 03.09.2023 се обиделе да одземат чанта од угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Исто така, кога биле приведени во полициска станица се обиделе со остар предмет да нападнат полициски службеници.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК