Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

234 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Падна банкарка од Тетово – примила 39.000 евра од лице, но никогаш не ги ставила на неговата сметка

ДЕСК

Полицијата пукала во воздух во Кавадарци, откако маж се однесувал агресивно и се самоповредил

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле две автомобили – еден тешко повреден, возачот на бмв побегнал

ДЕСК