Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

234 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи, извести МВР.

„Од нив, 8 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ ПРЕДИСТРАГА ЗА „АЛТА БАНКА“? – Државниот обвинител одби да открие пред пратениците

ДЕСК

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК