Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазени тројца пешаци во Кичево и Тетово

На 03.09.2023 околу 21.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„11 Септември“ во Кичево, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од Кичево, удрило во пешакот М.С.(57) од Кичево. По несреќата, М.С. била пренесена во Општата болница Кичево каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

На 03.09.2023 околу 10.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(65) од с.Ѓермо, удрило во пешакот М.А.(82) од Тетово. По несреќата, М.А бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

На 03.09.2023 во 23.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.Љ.(25) од Тетово, удрило во пешакот А.У.(61) од Тетово. По несреќата, А.У. бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК