Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Од утре дождливо и свежо – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Утре ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со локален дожд, претежно во западните и јужните делови. Ќе дува засилен североисточен ветер (на места со брзина над 70 км/час). Во среда и четврток ќе има повеќе сончеви периоди и услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Потоа се очекува стабилно и потопло време.

Прогноза за 06.09.2023
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 28°C

Умерено облачно. Претежно во планинските региони ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец кој во југозападните делови краткотрајно ќе засилува. УВ=5

Прогноза за 07.09.2023
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 30°C

Умерено облачно. Претежно во планинските региони ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. УВ=6

Прогноза за 08.09.2023
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 25°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=6

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК