Никогаш како човек не сум ги политизирал овие работи бидејќи сепак станува збор за човечки судбини и мака што семејствата ја доживуваат, но не можам исто така како човек да не ве потсетам за оние кампањи што во минатото ги правеше СДСМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање во врска со случувањата на Онкологија за време на посетата на населеното место Градец, Виница.
„Се сеќавате на случајот со малата Тамара, се сеќавате на случаевите со оние клупи што требаше да симболизираат загубени човечки животи и кои беа оставани пред вратите на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се сеќавате на протестите на Шарената револуција, која ги злоупотребуваше човечките животи за да добијат ситни мали поенчиња“, рече Мицкоски и додаде:
„Но, морам да потенцирам дека јас не сум виновен што директорот од Онкологија ќе го видите на фотографии во партиски штабови на СДСМ како држи обука или оној економски директор од ДУИ како е прегрнат со раководството на ДУИ“.
Според Мицкоск,и тоа се факти што ги гледа цела јавност и има факти на кои не можеме да останеме неми и да не ги кажеме.