Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четворица уапсени во Тетово, пронајдена марихуана

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 17 часот и 10 минути на улица „Илинденска“ во Тетово ги лишиле од слобода 18-годишниот А.С., 18-годишниот Е.Ј. од Гостивар и 19-годишниот Е.С. и 19-годишниот С.Ш. од долнореканското село Врбјане, извести СВР Тетово.

– При нивен и преглед на возилото „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Е.С. била пронајдена и одземена марихуана, додаваат од СВР Тетово.

Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК