Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

89 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на Куманово

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 89 возачи. Од нив, 53 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола и 4 за возачи кои управувале мотоцикли без заштитна опрема . Кај еден од санкционираните за возење под дејство на алкохол биле измерени 3.64 промили.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК