Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

57-годишна жена прегазена на улица во Кичево

Вчера, околу 21.30 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на улицата 11 Септември во Кичево, патничко моторно возило „ауди“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од М. Ш. (37) од Кичево, удрило во пешакот М. С. (57) од Кичево.

По несреќата, М. С. била пренесена во Општата болница Кичево, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК