25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

1.610 санкционирани возачи, 50 мотоцикли одземени

Во текот на август 2023 година спроведени беа сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 1.610 возачи, извести МВР.

„Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 313 возеле без возачка дозвола, 50 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава“, соопшти МВР и додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.