Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсени двајца дилери на дрога од Кавадарци

На 03.09.2023 во 00.45 часот на Градскиот Плоштад во Кавадарци, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци ги лишиле од слобода П.М.(24) и 21-годишната Р.И., двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај П.М. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Подоцна, при претрес во домот на П.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од марихуана и пари во залични апоени и валути.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК