Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Габриел: Ќе се спротиставиме на обидите за дезинформации дека Бугарија има нови услови

Позицицијата на Бугарија кон Северна Макеоднија е много јасна – да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година, изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел.

– Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули 2022 година, јасно да се спротивставиме на обидите за лажни информации и дезинформации дека Бугарија има нови услови, а во меѓувреме јасно да опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет, рече Габриел во одговор на пратеничко прашање во бугарското Собрание.

На пратениците им порача дека Народното собрание на Бугарија може да продолжи да биде многу корисно, но не е во надлежност на ниту еден законодавно тело да се произнесува за вакви теми.

– Сакаме многу јасно да покажеме пред РСМ дека само кога ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон, додаде Габриел

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +