Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Убав и сончев викенд, од понеделник влажен бран – Детална прогноза

За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот.

Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 03.09.2023
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 29°C до 35°C

Сончево со мала до умерена локална облачност, а од вечерните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб ветер од северен правец, кој кон крајот на денот долж Повардарието ќе засилува. UV=7

Прогноза за 04.09.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 21°C до 30°C

Променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ=6

Прогноза за 05.09.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. УВ=7

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК