Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Честика од Спасовски по повод четири години од формирањето на Агенцијата за национална безбедност

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод годишнината од основањето на Агенцијата за национална безбедност.

– Четири години од формирањето на Агенцијата за национална безбедност – нужна реформа по масовното прислушкување од страна на режимот, која што како Влада ја направивме во 2018 година, согласно препораките од Извештајот на Прибе, со усвојување на предложениот модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем, со кој Управата за безбедност и контраразузнавање се трансформираше во посебна агенција, под ингеренции на Владата со јасно дефинирани цели и задачи.

Бевме решени да ставиме крај на нередот, бидејќи приватноста на граѓаните е нешто најсвето и повеќе никој не смее да ја нарушува. Така, со нов Закон за Агенцијата за национална безбедност (АНБ), агенцијата отпочна со работа на 1 септември 2019 година и се позиционираше како модерна и демократска безбедносна институција, по сите европски и НАТО стандарди, која претставува суштествен фактор во заштитата на безбедноста на сите наши граѓани, пишува Спасовски на својот фејсбук профил.

Посочува дека МВР има одлична соработка со АНБ и низ постојана координација досега се реализирани многубројни успешни акции.

– Исклучителната соработка со АНБ ја продолжуваме и во иднина, со заеднички придонес за безбедноста на сите граѓани и државата. Нека е честит Денот на АНБ, посакувам уште многу успеси!, наведува Спасовски во честитката.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК