Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

(видео) САЕ „Тигар“ приведе бегалец од КПУ „Идризово“, осуден за убиство на 12 години затвор

Денеска (31.08) околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство.

На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот.

Можеби ќе ве интересира

Бурна ноќ во Скопје: Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 27 мерки, едно лице е лишено од слобода и одземено е едно возило

ДЕСК

Приведено лице од гостиварско за издржување затворска казна од 18 месеци, спроведено е во Затвор Идризово

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ е загрижена за СДСМ: Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа

ДЕСК