Centar.mk
БИЗНИС

Пензиите повеќе нема да се исплаќаат предвремено – Од сега ќе бидат достапни на први во месецот во редовниот рок

Пензиите од сега ќе се исплаќаат редовно согласно законот, но не и предвремено како што беше до сега, пишува магазинот за бизнис и економија БИЗНИСПРО.КОМ.

Праксата за предвремена исплата на пензиите започна за време на коронавирус кризата, па така граѓаните добиваа пензии и до 5-6 дена порано.

Согласно законот пензиите од сега се исплаќаат на 1ви директно од буџетот на државата на трансакциските сметки на пензионерите.

Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, наведува БИЗНИСПРО.КОМ.

Можеби ќе ве интересира

КИНА ОСТРО РЕАГИРА НА АМЕРИКАНСКИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА: Нов спор околу тестирањето електронски уреди

ДЕСК

СКОПЈЕ СО РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА – Големи разлики меѓу регионите

ДЕСК

СРБИЈА ВЛЕГУВА ВО БАНКАРСКА ПОСТАПКА: Најавена исплата на осигурените депозити

ДЕСК