Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: ЕУ го признава и вложува во нашето духовно и културно наследство, заедно работиме на негово зачувување и заштита

Фесбук статус на Бојан Маричиќ, вицепремиер:

ЕУ го признава и вложува во нашето духовно и културно наследство, заедно работиме на негово зачувување и заштита.

Македонското културно наследство, македонскиот идентитет, македонскиот јазик се дел од европското наследство и ЕУ тоа го признава, верификува и вложува во нивна заштита.

Го посетив еден од најстарите манастири во скопскиот регион, манастирот Свети Пантелејмон, во кој се вложени европски средства за целосно реновирање на ѕидините и амбиентот околу него.

Тоа нè прави дел од европското културно и духовно наследство, но тоа покажува дека Европската Унија се грижи зачувување и развој на културното и духовното наследство не само на своите народи, туку и на државите кандидатки.

Треба да сме горди на македонското културно и духовно наследство, да работиме на негово зачувување и да направиме напори влеземе во Европската Унија што побрзо бидејќи ЕУ е подготвена уште повеќе да вложи во негова заштита и развој.
#НиеСмеЕвропа 🇲🇰🇪🇺
#МКвоЕУ

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК