26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каменуван автобус во Македонија, бил полн со Срби кои се враќале од Грција

Српските граѓани во Македонија доживеаја голема непријатност кога се враќаа од Грција, пишуваат српските медиуми.

Според нив, биле нападнати од група малолетници кои фрлале камења кон автобусот на надвозникот.

За среќа, никој не е повреден, но сите се под стрес, особено децата кои биле во автобусот.

„Вечерва на враќање од Грција со автобус се случи нешто непријатно. Од надвозникот во Македонија бевме фрлени со камен право во автомобилот на возачот. За среќа, стаклото не се скрши целосно и децата што седеа таму не беа повредени. Подоцна нè известија дека тоа го направила група малолетници, дека не сме први на кои ова им се случува и се почесто се случува.А знаат кој е, а не гледам ништо да се пишува тоа каде било.Само за да се привлече вниманието на возачите да внимаваат при минување под надвозникот низ Македонија“, напиша таа е Сања М. на Фејсбук страницата „Во живо од Грис“.

Ако вака се враќате од Грција, внимавајте да не се најдете во иста ситуација, пишуваат српските медиуми.