Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

АМСМ: Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

НАИЗМЕНИЧЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На магистралниот пат А-3 кај с.Очипала на патниот правец Македонска Каменица-Делчево , сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК

Следува продолжен викенд – ова се преостанатите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.