Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патот Крушево кон Кривогаштани е нормализиран.

Сообраќајот од Страхојадица кон Смесница е затворен за сообраќај поради пожарот кој е во близина на патот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Богодица и Табановце времето на чекање е околу половина час, додека на останатите гранични премини нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

НАИЗМЕНИЧЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На магистралниот пат А-3 кај с.Очипала на патниот правец Македонска Каменица-Делчево , сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК