16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Скапо чинат заблудите на ВМРО-ДПМНЕ за репреговарање

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Сител телевизија кажа повтори дека сме во ваква ситуација поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ одлучила да ја блокира европската иднина на државата.

-Ние цело време ги информираме, јас лично во повеќе средби со нивни претставници каде што сме ги информирале за текот на разговорите, тоа што го наметнува услови кои што не можевме да ги .. од преговорите од објективни причини не можеме да бидеме ни е виновни, затоа мислам дека има тенденција определени кругови и дел од граѓаните да веруваат во заблудите на ВМРО-ДПМНЕ, тие заблуди скапо ќе не чинат, тие заблуди дека ние можеме да преговараме подобар договор, или пак дека имаме без крајно време да чекаме, тие заблуди ќе не чинат многу скапо, сите други држави ќе направат чекори напред дури и Украина и Молдова кои што се денеска држави со сериозни безбедносни ризици, а Украина е во крвава војна и агресија под Русија, ние ќе дозволиме тие држави да одат пред нас, а ние ќе чекаме подобри времиња за да изпреговараме и да ја натераме Бугарија во нешто што нема потреба да ја убедуваме, нас не треба да не интересира Бугарија, нас не интересираат нашите граѓаните, како ниту еден граѓанин да не извади веќе туѓ пасош на туѓа држава па и бугарски доколку не мисли дека треба и доколку не се чувствува како Бугарин, рече Маричиќ.

Тој вели дека ја разбира, како што истакна, опсесијата на ВМРО-ДПМНЕ со избори.

-Три години освен избори ние други ништо немаме слушнато од нив, таа безидејност не можете да ја покриете со постојано барање на предвремени избори и јас мислам напротив, дека предвремените избори ќе не доведат на она ситуација од 2008, кога доживеавме еден врв на националистичка мобилизација дека не попуштаме,.. и потоа никогаш ВМРО-ДПМНЕ не можеше да направи компромис по тоа прашање без разлика која беше цената, ние сега сме во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ сигурен сум дека ако одиме на избори без решено прашање во собранието, без изгласани устави измени повторно ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на таа позиција и по изборите и никогаш нема да ги поддржи, рече Маричиќ.