Центарот за управување со кризи известува дека вчера имало вкупно 28 пожари на отворен простор и дека сите се изгаснати.
„Нема активни пожари од вчерашните. Сите 28 пожари од вчера се изгаснати, при што последен и најдолготраен бил пожарот веднаш над селото Смоларе, на планината Беласица, кој можел да прерасне во опасен и за шумата, а и за селото“, истакнуваат од ЦУК.
Конкретно, шумскиот пожар до горниот дел од с. Смоларе, каде што во близина имало и борова шума што лесно можело да биде зафатена, можел да го загрози селото ако на време не бил детектиран дека се разгорува во неколку наврати и да биде локализиран и гасен. Пожарот избувнал по гром, поточно молња удрила во суво стебло од костен по што и почнал на крајот од денот пред стемнување. Од страна на локалната месна заедница веднаш бил пријавен на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Пожарникарите бргу интервенирале и го локализирале до ноќните часови, но по 21 часот, повторно се појавил чад, а потоа и активно горење, па пожарот потпомогнат од послаб ветер почнал да се разгорува. Мештаните активно се самоорганизирале преку локалната месна заедница да дежураат и до доцна во ноќта го гаснеле и го локализирале, а потоа, кога тоа било можно, утрово, со помош на тим од ЈП „Национални шуми“, повторно го доизгаснувале по што целосно го изгасиле. Мештаните изразија благодарност на пожарникарите од Струмица и на тимот од локалната подружница на ЈП „Национални шуми“, а и на РЦУК „Струмица“, за нивниот ангажман и за советите за безбедност при гаснењето на пожарот, велат од ЦУК.
Вчера биле изгаснати следниве 28 пожари:
– општина Ново Село 2 – кај с. Борисово (висока сува трева, нискостеблеста) и шумски пожар до горниот дел од с. Смоларе,
– општина Битола 2 – с. Лажец и с. Могила кон с. Радобор (запалено ниска вегетација, стрниште);
– општина Крушево во с. Алданци (ниска вегетација);
– општина Прилеп 4 – на улицата Кордун, с. Дебреште, с. Бело Поле, с. Ропотово и месноста Маркови Кули (запалена ниска вегетација и стрништа);
– општина Ресен 2 – с. Козјак и с. Наколец (сува трева и нискостеблести растенија);
– општина Богданци над браната „Паљурци“ (запалена нискостеблеста шума);
– општина Кичево во с. Ивандол (запалена ниска вегетација);
– општина Дебар – во месноста Житинско Поле (сува трева и стрништа);
– општина Струга – с. Калишта (запалена ниска вегетација);
– општина Велес (запалена ниска вегетација и трње и ѓубре);
– општина Кавадарци – с. Манастирец (запалена ниска вегетација);
– општина Чешиново Облешево 2 – с. Чифлик и селата Три Чешми и Долни Балван (запалено стрниште);
– општина Ранковце кај с. Опила (запалена стрниште)
– општина Тетово 5 – с. Волковија (депонија), а кај и с. Теарце, с. Пршовце, с. Камењане и с. Желино.
(сува трева и ниска вегетација);
– општина Гостивар 2 – населба Фазанерија и с. Форино (запалена ниска вегетација)
– општина Чучер Сандево – кај селото Блаце (запалена ниска вегетација и шума).