Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Паранојата на Мицкоски за светски заговори го покажува очајот во ДПМНЕ

Според СДСМ, паранојата на Мицкоски во однос на некакви светски заговори јасно го покажува очајот во антиевропската ДПМНЕ.

Прво, како што велат, зборуваше за некаква бугаризација и асимилација, за губење на јазикот, па кога тие лаги потонаа, се префрли на бугарски диктат.

„Откако стана јасно дека не може да се зборува за никаков бугарски диктат, на Мицкоски за неговиот неуспех му се виновни Европа и светот, па ја смени реториката и зборува за светски заговори и притисоци врз него и неговата партија.

Пласирање тези дека постои светска завера во ниту еден случај не им оди во прилог ни на граѓаните, ни на државата.

Станува збор само за очајот во ДПМНЕ и фрустрациите на Мицкоски, кои се далеку од реалноста“, оценуваат од СДСМ.

Македонија во овој период, според партијата на власт, има огромна поддршка од меѓународната заедница и има пријатели како што никогаш до сега немала. Тоа, како што велат, им е јасно на сите, освен на Мицкоски.

Додаваат дека реториката на Мицкоски против ЕУ и против НАТО, е иста како на неговиот претходник Никола Груевски, која ќе ја остави Македонија уште најмалку 11 години во изолација.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК