24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ и понатаму е против европските модернизирани образовни процеси во државата

Соопштение на СДСМ:

Грижата на ДПМНЕ за образовниот систем и новините во образованието во државата се повеќе од провидни. Со секое обраќање кон јавноста се повеќе се чувствува нивниот очајнички крик предизвикан од гладот за власт.

Наставниците и просветните работници никогаш нема да го заборават 12 годишното диктаторско владеење на министрите за образование на ДПМНЕ. Наставниците никогаш не можат да ги заборават нивните репресивни мерки кои ги користеа како инструмент за казнување на наставниците кои не ги поддржаа погубните политики на оваа политичка партија.

ДПМНЕ е секогаш против модернизација, напредок на државата, против Европските современи стандарди во образованието и процесот на приближување кон Европските вредности и Европската Унија, против процесот на создавање на кадри квалификувани за пазарот на трудот. Критикува се што е новина и прогресивен пат и спречува развој на образованието без аргументи, предлози и конструктивни решенија, наместо тоа повикува на укинување на насоки пред самиот почеток на учебната година ставајќи ги наставниците пред свршен чин.

Речиси секојдневното појавување пред јавноста на оваа политичка партија е само јасен пример за гладтта за власт, заборавајќи дека години наназад го уништуваа образованието. Продолжуваат со презентирање на погрешно разбирање за образовниот процес кој води кон нудење на образование на младите, кое во својата содржина (преточена преку стандарди и мерила за учење) им обезбедува изучување на реални вештини потребни за пазарот на труд. Деструктивните изјави на оваа политичка партија може да се разберат само како пример за тоа како ДПМНЕ не умее да се снајде во ситуации кога се поставува хармонија меѓу чинителите на образовниот процес и соработка меѓу институции, и креваат паника за конструктивни насоки и упатства кои се испратени до училиштата за примена на Концепцијата.

Да не заборавиме дека СДСМ секогаш го слуша гласот на наставникот и излегува во пресрет кога станува збор за надминување на проблемски состојби и предизвици, предлагајќи конструктивни решенија што за жал не е случај и со ДПМНЕ, политичка партија која и покрај укажувањата од јавноста никогаш не смени одлука што ќе биде од корист на сите. Ако ова не е дискриминација на една цела фела тогаш дефиницијата за дискриминација ДПМНЕ треба да ја преиспита и научи во кој случај да ја употребува.