Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

Вчера вечер околу 20.10 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец Ј.И., извести МВР.

– Тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел електричен тротинет, сопственост на 27-годишниот Џ.А., исто така, од Гостивар. Тротинетот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ј.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК