Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи меѓу 13 министри за надворешни работи со уникатна твитирана верзија на украинската химна

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се приклучи на меѓународната иницијатива за одбележување на Денот на независноста на Украина, 24 август.

Во рамки на одбележувањето, Османи се приклучи на иницијативата на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, која ја поддржаа голем број на министри за надворешни работи.

Имено, Османи се надоврза на нишката од стихови на украинската химна која ја започна Кулеба на неговиот профил на социјалната мрежа „X“, а на која се надоврзаа светските шефови на дипломатијата.

Ова е уште еден симболичен гест кој ја потврдува поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина за заштита и одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет кој е под напад од руската воена агресија.

Во знак на поддршка, на зградата на МНР вчера беше поставено и украинското знаме во чест на Денот на државното знаме на Украина.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК