Centar.mk
КУЛТУРАвест

Костадиновска-Стојчевска: Жива е мисијата на браќата Миладиновци за зачувување на поетскиот збор

Фејсбук статус на Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура:

Жива е мисијата на браќата Миладиновци за зачувување на поетскиот збор.

📜Вечерва Струга, главниот град на поезијата, по 62 ри пат во својот полн сјај сведочи за визијата на големите македонски автори, кои со децении ја збогатуваат нашата култура.

Струшките вечери на поезијата не се само славење на зборовите, ова поетско рандеву е потврда на душата на човештвото.
Нашиот ценет лауреат, академик Влада Урошевиќ, не потсетува дека улогата на поезијата се протега и надвор од стиховите. Тоа зборува за нашата колективна совест и ја предизвикува монотонијата на светот кој се повеќе се потпира на алгоритми и вештачка интелигенција.
Во оваа дигитална ера, каде зборовите можат да бидат и плитки и моќни, да запомниме дека најмоќните зборови честопати се оние што доаѓаат од душата. Иако вештачката интелигенција може да пишува песна, таа никогаш не може да ги долови длабоките тишини кои често кажуваат сè.

📚До сите поети и љубители на поезијата, вашите зборови нека бидат бедем против секојдневното.

Можеби ќе ве интересира

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

ДЕСК

Со книгата „Фудбал под сенка“ продолжуваат да живеат приказните на легендарниот Васил Рингов

ДЕСК