Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дождот помогна да се доизгаси пожарот кај Блаце

Локален дожд заврна кај Блаце и помогна за да се доизгаси пожарот, извести Центарот за управување со кризи.

Претходно, од ЦУК соопштија дека два авиона „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување дејствуваат на пожарот во атарот на селото Блаце.

На непристапен терен гореше трева и нискостеблеста вегетација.

„Поради исклучително тешкиот и стрмен предел за движење, рано утрово договоривме да ангажираме два ‘ертрактора’ од ДЗС, кои во овој момент дејствуваат со прецизно фрлање на водата врз пожарот. По нивното дејство, ќе продолжи еден полициски хеликоптер, кој ќе се обиде да им помогне на пожарникарите да воспостават контрола врз пожарот“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК