Centar.mk
БИЗНИС

Инфлацијата во еврозоната е во опаѓање: Еве колку таа изнесуваше во јули

Годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 5,3 отсто во јули 2023 година, наспроти 5,5 отсто во јуни, објави „Евростат“. Една година претходно, стапката на инфлација во еврозоната беше 8,9 отсто.

Годишната стапка на инфлација во Европската унија беше 6,1 отсто во јули 2023 година, наспроти 6,4 отсто во јуни.

Една година претходно стапката на инфлација во ЕУ беше 9,8 отсто, објави Евростат.

Најниски годишни стапки се регистрирани во Белгија (1,7 отсто), Луксембург (два отсто) и Шпанија (2,1 отсто).

Во јули, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа услугите (2,47 процентни поени), потоа храната, алкохолот и тутунот (2,2 процентни поени), неенергетските индустриски производи (1,26 процентни поени) и енергијата ( минус 0 ,62 процентни поени).

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +