Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велешанец со „кавасаки“ излета од пат, тешко повредени возачот и сопатникот

Вчера, во 18 часот, во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип, кај село Сарамзалино, 51-годишниот Е. П. од Велес, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, извести МВР.

„Тешки телесни повреди добиле возачот на мотоциклот и сопатникот Р. С. (39) од Скопје, констатирани во Итна медицинска помош Свети Николе“, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС ВО РАДОВИШ – Во дом на 29-годишник пронајдени марихуана и предмети со остатоци од дрога

ДЕСК

ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАТЕКНАТИ СО АЛКОХОЛ ПО ПОЛНОЌ – Полицијата изврши контрола во локал во Богданци, известен обвинител

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Приведен 42-годишник во Струмичко, дрегерот покажал 1,29 промили

ДЕСК