Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЦИВИЛ: Нападите врз медиумските работници се напад врз слободата на говорот и човековите права во целост!

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, најостро го осудува насилството во секоја форма. Нападите врз медиумските екипи е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда и остра законска санкција.

Нападот врз новинарските екипи е кривично дело, па така и последниот напад врз снимателот на ТВ Алсат-М претставува грубо кршење на Кривичниот закон. ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на институциите и бара да му се даде максимална казна на насилникот, како и осуда од јавноста.

На снимателот и колегиумот на ТВ Алсат-М му изразуваме целосна поддршка и солидарност, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Тепањето новинари не само што е тешко кривично дело, туку е крајно неморален и кукавички чин! Да се бара слобода, правда и демократија е возвишена човечка должност и одговорност, не предавство. Да се тепа, мрази и брани криминалот – тоа е предавство!

ЦИВИЛ апелира до надлежните органи да стават крај на говорот на омраза и соодветно да ги санкционираат ваквите наративи како и злосторствата што може да произлезат од говорот на омраза.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК