Centar.mk
СПОРТ

Станојоски го освои меморијалниот турнир „Венци Попов“

Велемајсторот Звонко Станојоски е прогласен за победник на Вториот меморијален турнир „Венци Попов“ во Гевгелија, при што тројца шахисти со по 7,5 бода од 9 партии го запоседнаа врвот, но играчот на ШК Алкалоид имаше најдобар „тај-брејк“ параметар.

Станојоски е актуелен државен првак на Македонија и го заврши настапот без пораз, односно со шест победи и три реми.

Второто место му припадна на ИМ Никола Николовски, додека третопласиран е бугарскиот ветеран, ИМ Сашо Николов. Зад нив на табелата има уште една група од тројца шахисти со по 7 бода, која ја предводи ИМ Тони Лазов, исто така од ШК Алкалоид.

Беа доделени и специјални признанија за најдобро пласиран младинец, најдобра шахистка и најдобро рангиран играч од Гевгелија.

Ова е второ издание на овој меморијален турнир, во чест на ФМ Венци Попов, а во организација на ШК 7 ноември и семејството Попови.

Вкупно настапија 132 шахисти, а се играше според правилата за забрзано шаховско темпо (рапид), односно 10 минути за секој играч плус бонификација од 5 секунди за секој потег.

Фотографии: Михаела Попова

извор Дерби

Можеби ќе ве интересира

Нова спортска приказна за салата „Македонија“ во Прилеп

ДЕСК

ШК Алкалоид ја освои својата 28. титула, 14 во низа!

ДЕСК

Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

ДЕСК