Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со возилото удрил во семафор во Струмица, и избегал – пренесувал 17 мигранти

Во текот на вчерашниот ден во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, едно лице управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ со возилото удрило во семафор, по што возачот на возилото побегнал од местото на настанот.

Во моментот на несреќата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Паднал од кров при градежни работи

ДЕСК

Димитријевиќ: Уште една лага на Мицкоски за реформите е разобличена- Брисел бара измени на Законот за судски совет

ДЕСК

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

ДЕСК