Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

До среда пеколно жешко, потоа освежување: Синоптичарите објавија долгорочна прогноза и за празничниот викенд најавуваат ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ!

Во текот на работнава седмица ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура.

Од среда во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во четврток и сабота.

Прогноза за 23.08.2023
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 40°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност. UV=8

Прогноза за 24.08.2023
Минимална температура: 12°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8

Прогноза за 25.08.2023
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК