Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ е против ЕУ, Мицкоски е како Груевски!

Вчерашната седница на Собранието покажа дека ДПМНЕ дефинтивно е против ЕУ, а Христијан Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ.

– Вчера, ДПМНЕ и Левица покажаа дека немаат никакви аргументи, дека не знаат да дискутираат, дека не знаат како се води дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните, единствено за лични цели, а против подобар живот за граѓаните и остварување на стратешката цел, полноправно членство во ЕУ. Кристално јасно е дека нивната цел не е да испреговараат нов договор, туку нивната цел е да блокираат и да си ги спасат сопствените политички кариери, – велат од СДСМ.

Од владејачката партија коментираат дека Мицкоски сака да ја влече државата назад, само заради неговата фотелја во Белиот дворец, исто како што тоа 11 години го правеше Груевски, но дека „проевропската коалиција ќе направи сѐ да ја разбие таа блокада и ќе продолжи и понатаму да работи во интерес на врвните национални и државни интереси, преку обезбедување соодветно мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата“.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК