Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Во тек е реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Кадино, општина Илинден

Општина Илинден започна со комплетна реконструкција на фудбалското игралиште за мал фудбал во Кадино.

На фудбалското игралиште целосно ќе биде поставена нова вештачка трева, поставено е ново лед осветлување, променета е заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски терен во Кадино.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска изврши увид во работните активности на фудбалското игралиште, при што истакна дека истите се одвиваат со предвидената динамика, а со реконструкцијата младите од ова населено место ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден простор каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА – На 4 ноември зафати во Маџари, Сарај и Кисела Вода

ДЕСК

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК