16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ВМРО-Народна партија: Северна Македонија ќе добие балансиран Устав, кој во никој случај не го загрозува идентитетот

ВМРО-Народна партија упатува порака и јасен став дека ќе гласа за измена и дополнување на Уставот сè со цел, како што велат, конечно затворање на децениските проблеми на државата и конечно почнување на официјалните пристапни преговори за влез во Европската Унија со отворањето на кластерите и реализација на потребните реформи.

„Уште еднаш должни сме да кажеме дека со овие предлог-уставни промени, конечно, Северна Македонија ќе добие балансиран Устав, кој во никој случај не го загрозува идентитетот, кој ќе нè ослободи од багажот и тешкотиите со кои се соочуваме веќе со години, а притоа и ќе ни го отвори патот кон Европската Унија“, велат од ВМРО-НП.

Според партијата, овие измени и дополнувања на Уставот се само уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Северна Македонија кон европското семејство.

„Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија“, велат од ВМРО-НП.

Партијата уште еднаш упати апел до сите пратеници да преземат одговорност за иднината на Северна Македонија и го изберат вистинскиот пат.

„Северна Македонија, конечно, го почна процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата што допрва ќе треба да се отвроаат“, се додава во соопштението на ВМРО-НП.