Centar.mk
БИЗНИС

Повторно се најавува поскапување на цигарите – еве за колку

Од два до четири денари ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи следната година поради измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието. Со него се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ, пишува Фактор.мк

Овие измени произлегуваат од Директивата од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи, со која се предвидува усогласување на вкупната акциза со утврдениот минимален износ на вкупна акциза во ЕУ кај цигарите. Дополнително, во Предлог Законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци – пишува во образложението на законот.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ВЛЕГУВА ВО ЗИМАТА СО НИСКИ РЕЗЕРВИ – ИЕА предупредува дека притисокот врз гасот може да трае и во 2027

ДЕСК

ПОСЕБЕН ПЛАН ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА – Се подготвува еднократно подигнување до 20.000 денари

ДЕСК

ЗАПРЕНА ПРАТКА ОД 19 ТОНИ ЈАБОЛКА – Бугарија наложи враќање по лабораториска проверка

ДЕСК