22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: АРМ е синоним за храброст, посветеност, еднаквост и професионализам во служба на државата, а Куманово е пример за високо ниво на цивилно-воена соработка

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во име на граѓаните на општина Куманово и во негово лично име го честита 18-ти Август, Денот на Армијата на сите припадници на АРМ и сите граѓани на Македонија.

АРМ е синоним за храброст, посветеност, праведност, еднаквост и професионализам во служба на државата, вели Димитриевски во својата честитка, а Општина Куманово како и секогаш, ќе продолжи да биде пример за високо ниво на цивилно-воена соработка.

“Општина Куманово продолжува да биде пример за високо ниво на цивилно-воена соработка, каде заедно со припадниците на Армијата делувавме и соработувавме во услови на кризи, вршевме дезинфекција на јавните објекти, дистрибуиравме пакети со социјална помош, воведовме редарски служби, гасневме пожари, но заедно и празнувавме, заедно организиравме едукативни настани, донации и работни акции за пошумување и разубавување на наше Куманово”, стои во честитката на Димитриевски.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК