12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Денеска седница за усвојување на уставните измени

Собранието денес закажа седница на која единствена точка на дневниот ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени, за кои неопходно е дво-третинско мнозинство.

Со предложените уставни измени, треба да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, како дел од евроинтеграцискиот процес на земјата. Владејачките СДСМ и ДУИ се’ уште го немаат потребното мнозинство oд 80 пратеници за усвојување на измените и ги повикуваат пратениците да ги поддржаат. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е против уставните измени, како што велат од партијата под бугарски диктат.

Претседателот на Собранието Талат Џафери неодамна кажа дека гласањето за уставните измени може да биде и одложено ако не биде обезбедено неопходното двотретинско мнозинство. Тој рече претходно се случило во Собранието да нема услови за гласање, и тоа било оставено за подоцна.