Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вевчанец пукал кон кучиња додека сопственикот ги шетал, полицијата го приведе

Вевчанец со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, додека сопственикот ги шетал на улица.

МВР објави дека мажот е приведен,а станува збор за 67-годишник со иницијали П.П. од Вевчани.

„Тој се сомничи дека околу 18.00 часот со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, сопственост на Г.М. од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот“, велат од полицијата.

Пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК