10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Малта и Ирска водат: трговски суфицит на еврозоната во јуни 23 милијарди евра

Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат.

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра, 17,7 отсто помалку од јуни минатата година.

Во истиот период ЕУ забележа суфицит од 24,6 милијарди евра.

Во јуни ЕУ извезла стоки за 225,9 милијарди евра, 0,4 повеќе на годишна основа, а увезла стоки за 201,2 милијарди евра – 22,6 отсто помалку од јуни 2022 година.

Овие бројки се значително различни од истиот месец во 2022 година, кога еврозоната забележа трговски дефицит од 27,1 милијарди евра, а во ЕУ дефицит од 34,9 милијарди евра.

Во јуни, најголем раст на извозот на годишно ниво е забележан во Малта – 13,2 отсто, и во Ирска – 11,7 отсто, а најголем пад на извозот во Грција – 24,5 отсто, Белгија – 16,8 отсто, Бугарија – 15,6 отсто, и Финска – 15,4 отсто.

Во споредба со јуни минатата година, увозот е намален во сите земји од ЕУ освен Австрија.

Најголем пад на увозот на годишно ниво има Малта – 24,5 отсто, Бугарија – 22,6 отсто, Грција – 21,1 отсто и Финска – 20,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата

ДЕСК

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК