Одговорност од екс министерот за здравство, Беким Сали најавија од Здравство, оти ги примил модуларните амбуланти со што автоматски одобрил и исплата, а потоа не постапил по истата со што направил долг.
,,Беким Сали, НИКОГАШ НЕ ГО РАСКИНАЛ ДОГОВОРОТ, ги примил и одобрил амбулантите со што автоматски одобрил и исплата, а потоа решил да не плаќа со што генерирал долг и камата од 200.000 евра за граѓаните”- стои во соопштението на МЗ.
Од МЗ велат дека Беким Сали на вчерашната прес-конференција ги лажел граѓаните, за да го прикрие своето неработење.
,,Зошто Беким Сали на прес конференција ја лажеше целата јавност? Дали на тој начин сака да прикрие дека тој всушност 8 месеци не постапувал по случајот и се обидува да ја префрли вината на друг?
Дали Беким Сали знае кој бил министер кога се случил пожарот и кој ги водел постапките за набавка на амбулантите или зошто се плаши да им ги спомене имињата на оние кои тогаш биле на функција? Зошто и каков интерес има да ја извртува вистината и да ги штити претходниците?
Беким Сали се плаши да каже која е компанијата која ги има изградено модуларните амбуланти?”-стои во соопштението на МЗ.